Академија Пандев гостува во Кратово кај Силекс

Академија Пандев во сабота ќе гостува во Кратово кај екипата на Силекс, во натпревар од 18. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Струга Трим Лум - во Струмица - 15. коло ПМФЛ

„Пандевци“ се во резултатска криза и на последните пет натпревари немаат забележано победа, односно нивниот скор од последните петнатпревари е три ремиа и два последователни порази, со што имаат 27 бодови и се наоѓаат на третото место. Силекс секогаш е незгоден противник во Кратово. Оваа екипа на последните пет натпревар има две победи и три ремиа и има 24 бодови, со што се наоѓа на четвртото место на табелата.

Победата и трите бода се важни и за двете екипи, со што во Кратово ќе има отворен и интересен натпревар.

Во недела се играат и натпреварите помеѓу Ренова и Работнички, дерби натпревар од дното на табелата, Струга Трим Лум ќе го пречека Борец, Шкупи ќе игра против Македонија ЃП, а дерби на колото ќе биде натпреварот помеѓу Вардар и Шкупи.

Сите натпревари се играат со почеток од 13:00 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o