Академија Пандев убедливо загуби во Струмица од Вардар

Фудбалерите на Академија Пандев денес беа декласирани на домашен терен од Вардар, со резултат од 0:3 во натпревар од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Вардар 17. коло ПМФЛ - Струмица

„Вардарци“ одиграа одличен натпревар и дојдоа до посакуваните три бода, со што сега бодовната разлика ја зголемија на осум. „Пандевци“ сега се трети со 27 бодови, исто колку што има и Шкендија која сега е втора.

Во следното коло, кое воедно е последно за есенскиот дел од сезоната, Академија Пандев ќе патува во Кратово, каде ќе ги одмери силите со Силекс. Фудбалерите на Силекс со 24 бодови, односно три помалку од Академија Пандев се наоѓаат на четвртото место на табелата, и играат во одлична форма.

Работични успеа да извлече бод на домашен терен против Силекс, Борец дојде до посакуваните три бода со минималната победа над Ренова, Шкендија со високи 4:0 го декласираше Шкупи во Тетово, додека Македонија ЃП и Струга Трим Лум ги поделија бодовите, бидејќи одиграа нерешено 1:1.

Во следното коло, Силекс ќе биде домаќин на Академија Пандев, Вардар ќе игра дерби натпревар во Скопје против Шкендија, Шкупи на домашен терен ќе ги одмери силите со Македонија ЃП, Струга Трим Лум ќе го пречека Борец, додека Ренова ќе игра дерби од дното на табелата со Работнички.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o