Беласица есенски шампион во Втората лига – Исток

Фудбалерите на Беласица одиграа фантастична полусезона, прикажаа одлични игри и добар фудбал, со што заслужено се наоѓаат на првото место на табелата во Втората лига – Исток.

Во оваа полусезона Беласица запиша 11 победи, едно реми и два порази, при што имаат освоено 34 бодови. Во последното коло од есенскиот дел од сезоната, запишаа убедлива победа над Плачковица од Радовиш со 4:2.

Беласица - Плачковица - ВМФЛ - Исток 14. коло - Струмица 4

На второто место на табелата е екипата на Брегалница со 31 бод, односно три помалку од струмичката гордост. Кит Го-Пехчево полусезоната ја заврши на третото место со 30 бодови, Тиквеш од Кавадарци е четврти со 27 бодови, а Кожуф со 26 бодови е на петтото место. Саса од Македонска Каменица одигра исто така добра полусезона, и со 20 бодови е на шесттото место на табелата. Плачковица од Радовиш со 12 бодови е на осмото место, додека Победа со еден бод помалку, односно 11 бодови е на осмата позиција. Осогово од Кочани одигра лоша полусезона, далеку од очекуваното и со 6 освоени бодови се наоѓа на деветтото место на табелата, додека на последното десеттото место на табелата е Питу Гули од Крушево кој има освоено само три бодови во целата полусезона, со што исто така е далеку од очекуваните резултати и зацртани цели.

Следува пауза, по што пролетниот дел од сезоната ќе започне во месец март следната година.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o