„Пандевци“ загубија во 16. коло, но останаа на второто место на табелата во ПМФЛ

Академија Пандев продолжува со резултатската криза, откако во 16. коло беше поразена од екипата на Шкупи во Скопје со резултат од 3:1. „Пандевци“ играат во лоша форма, нивниот скор на последните пет натпревар е три ремија и два порази, при што имаат 27 освоени бодови и се наоѓаат на втората позиција на табелата.

Академија Пандев - Шкупи - Струмица - 7. коло ПМФЛ

Работнички во оваа коло дојде до посакуваните три бода во борбата за опстанок, откако на домашен терен со 2:1 го совлада Борец од Велес. Ренова ремизираше со Македонија ЃП на домашен терен, играјќи 1:1, Силекс одигра нерешено 2:2 против лидерот на табелата Вардар, додека Струга Трим Лум со 2:1 го совлада актуелниот шампион Шкендија.

Во однос на табелата, по 16. одиграни кола, Вардар со 32 бодови е лидер на табелата, на второто место е Академија Пандев со 27 бодови, три бода помалку има Шкендија која е трета. Силекс со 23 бодови е на четвртото место, а по 22 бода имаат Шкупи кој е петти, Македонија ЃП како шестта и Струга Трим Лум како седма. На осмата позиција е ренова со 16 бодови, Борец е деветти со ист број на бодови, додека на последното место е Работнички со 14 бодови.

Во следното коло Академија Пандев на домашен терен ќе игра против Вардар, Македонија ЃП ќе биде домаќин на Струга Трим Лум, Борец ќе игра на домашен терен против Ренова, Работнички ќе го пречека Силекс, додека Шкендија ќе игра дерби натпревар против Шкупи.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o