Беласица на домашен терен против Плачковицa

Беласица во сабота на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, ќе ја пречека екипата на Плачковица од Радовиш, во натпревар од 14. коло од Втората лига – Исток.

Плачковица - Беласица - Радовиш - 5. коло ВМФЛ 4

Беласица по 13. одиграни кола во Втората лига – Исток е лидер на табелата со 31 освоен бод, додека Плачковица со 12 бодови се наоѓа на седмата позиција на табелата. Меѓусебниот дуел на овие две екипи одигран во Радовиш, заврши со резултат од 0:1 во полна на струмичани.

Бодовите од овој натпревар се важни и за двете екипи. За Беласица овие три бода ќе значат многу во одржување на бодовната разлика во однос на второпласираната екипа или пак и зголемување на истата, додека за Плачковица бодови ќе бидат многу важни во борбата за опстанок во Втората лига – Исток.

Каменица Саса ќе биде домаќин на Кожуф од Гевгелија, Победа ќе го пречека Осогово, Кит Го-Пехчево ќе игра против Питу Гули, додека во Кавадарци ќе се игра дербито на колото, Тиквеш против Брегалница од Штип.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o