Академија Пандев загуби во Скопје од Шкупи

Академија Пандев го забележа третиот сезонски пораз, откако во 16. коло од ПМФЛ на гостувањето во Скопје загуби од Шкупи со 3:1.

Шкупи - Академија Пандев - 16. коло ПМФЛ - Скопје

„Пандевци“ на последните пет натпревари немаат забележани победа и играат во лоша форма. Скорото од последните пет натпревари е два порази и три реми натпревари. Иако поразени, „пандевци“ остануваат на второто место на табелата со 27 освоени бодови. Шкупи одигра одличен натпревар и со новите три бода се наоѓа на петтото место на табелата со 22 освоени бодови.

Академија Пандев време за жалење нема, во недела ќе се обиде против Вардар на домашен терен во Струмица да бара излез од резултатската криза.

 

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o