Академија Пандев во Струмица против Вардар

Академија Пандев во недела на „Благој Истатов“ во Струмица ќе го пречека лидерот на табелата Вардар, во натпревар од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Вардар - 8. коло ПМФЛ 2

Академија Пандев на последните пет натпревари е во резултатска криза. Во вчерашниот натпревар против Шкупи на гостувањето во Скопје, „пандевци“ беа поразени со резултат од 3:1, додека на последните пет натпревари имаат два порази и две ремија, но останаа на второто место со 27 бодови.

Вардар на последните пет натпревари има скор од две победи, еден пораз, и две ремија во низа, при што има вкупно 32 освоени бодови и се наоѓа на лидерската позиција на табелата во ПМФЛ.

Првиот меѓусебен дуел во рамките на Првата лига, меѓу Вардар и Академија Пандев, заврши со резултат од 1:0 за „вардарци“.

Колото ќе биде отворено во сабота со натпреварот помеѓу Македонија ЃП и Струга Трим Лум, Работнички на домашен терен ќе го пречека Силекс, Борец ќе биде домаќин на Ренова, додека Шкендија ќе игра дерби натпревар против Шкупи во Тетово.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o