Влезниците од натпреварот Шкупи – Академија Пандев ќе бидат донирани на засегнатите од земјотресот во Албанија

„ФК Академија Пандев сочувтствува со болката на нашите соседи од разорувачкиот земјотрес кој ја погоди Албанија. Се надеваме на брзо закрепнување на повредените и сочувство до фамилиите на загинатите. Поздрав за одлуката на ФК Шкупи да парите соберени од влезниците од утрешниот натпревар со нашиот тим ги донира на засегнатите од земјотресот. Покана до сите љубители на фудбалот во Скопје, да дојдат утре на стадионот Чаир, да проследат еден добар прволигашки меч, а со самото купување влезница од 100 денари да направат хуман гест“, истакнаа од фудбалскиот клуб Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

Академија Пандев - Шкупи - Струмица - 7. коло ПМФЛ

Натпреварот меѓу Шкупи и Академија Пандев ќе започнува во 13:00 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o