Академија Пандев утре му гостува на Шкупи

Фудбалерите на Академија Пандев утре му гостуваат на Шкупи во Скопје, во натпревар од 16. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Шкупи - Струмица - 7. коло ПМФЛ

Академија Пандев на последните пет натпревари има скор од една победа, еден пораз и три ремија и се наоѓа на второто место на табелата со 27 освоени бодови. Екипата на Шкупи која има 19 бодови и се наоѓа на шесттото место на табелата, на последните пет натпревари има скор од три ремија, еден пораз и една победа.

Во претходното коло и двете екипи ремизираа. Академија Пандев одигра 1:1 со Струга Трим Лум во Струмица, додека Шкупи на гостувањето кај Вардар играше исто така 1:1.

Работнички на домашен терен ќе се обиде да дојде до посакуваните три бода против Борец, Ренова на домашен терен ќе игра против Македонија ЃП, Силекс во Кратово ќе го пречека лидерот Вардар, додека Струга Трим Лум ќе го пречека актуелниот шампион Шкендија.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o