Спартмани загуби од Брегалница од Делчево

Екипата на Спартмани од Градско Балдвоци запиша нов пораз, откако во 11. коло од Третата лига – Југоисток, беше поразена со 2:1 на гостувањето во Делчево кај Брегалница.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Спартмани со овој пораз останува на десеттото место на табелата со освоени 3 бодови, додека Брегалница од Делчево е на шестото место и има 15 бодови.

Раклиш во Радовиш со 5:2 го декласираше Дојранско Езеро, Василево ремизираше дома против Детонит играјќи 2:2, Овче Поле со 6:2 славеше над Младост од Удово, додека Тиверија на домашен терен со 0:5 беше декласирана од лидер на табелата Слога од Виница.

Ова коло беше последно за есенскиот дел од сезоната, по што следува пауза.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o