Тиверија декласирана со пет гола од Слога

Фудбалерите на Тиверија во 11. коло од Третата лига – Исток, кое воедно е и последно коло за есенскиот дел од сезоната, беше декласирана на домашен терен со високи 0:5 од екпата на Слога од Виница.

АРХИВА

АРХИВА

Екипата од Виница важеше за фаворит на овој натпревар и таа фаворитска улога беше оправдана. Тиверија есенскиот дел од сезоната го завршува на петтото место на табелата со 16 бодови, додека Слога без ниту еден пораз, со максимлани 30 бодови е на првото место на табелата и чекори кон целта за влез во Втората лига – Исток.

На второто место на табелата е екипата на Овче Поле со 27 бодови, трет е Василево со 17 бодови, додека на четвртото место е Детониот од Радовиш со 16 бодови. На дното од табелата е екипата на Малеш со три бодови, а исто толку бодови има и Спартмани кој е на десеттото место.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o