РК Астраион лидер на табелата во Првата ракометна лига – Група 1

РК Астраион по 8. одиграни кола е лидер на табелата со 22 освоени бодови во Првата ракометна лига – Група 1.

РК Астраион - РК Алушовски

Екипата на Астраион е единствена непоразена во лигата. Струмичани имаат скор од 7 победи и ено реми, при што имат постигнато 227 голови, а примено 173 гола, со што ја имаат најдобрата одбрана.

Втора на табелата е ланскиот Суперлигаш Прилеп, кој има 18 освоени бодови, а исто толку бодови има и Јуниор К.В. На четвртото место со 14 бодови е Куманово, додека со по 12 бодови се Вардар Неготино кој е петти и Македонија ЃП која е шестта.

На седмото место е Алушовски со 6 бодови, Текстилец од Штип е осми со 2 бодови, додека Риниа М е на последното деветто место со само 1 освоен бод.

Во следното коло РК Астраион ќе гостува кај Вардар Неготино, Прилеп ќе го пречека Алушовски, Македонија ЃП ќе игра против текстилец, МРК Куманово ќе биде домаќин на Риниа М, а екипата на Јуниор К.В. ќе биде слободна.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o