По 15. одиграни кола Академија Пандев на второто место на табелата во ПМФЛ

Академија Пандев во 15. коло повторно ремизираше, откако на „Благој Истатов“ во Струмица одигра 1:1 против Струга Трим Лум. За „пандевци“ оваа е трето реми во низа, и не ги искористија двата кикса на Вардар, првиот со поразот во Струга, а вториот од оваа коло со ремито против Шкупи, но од друга страна Шкендија ја намалува бодовната предноста во однос на Академија Пандев.

Ѓорги Стоилов - Академија Пандев

Лидер на табелата е Вардар со 31 освоен бод, на второто место е Академија Пандев со 27 бодови, трета е Шкендија со 24 бодови, Силекс кој е четврти има 22 бодови. Петта екипа на табелата е Македонија ЃП со 21 освоен бод, Шкупи кој е шестти има 19 бодови, а исто толку бодови има и Струга Трим Лум која е седма. На осмото место е Борец со 16 бодови, Ренова со бод помалку е деветта на табелата, додека Работнички е на дното, односно на последното 10-то место со 11 освоени бодови.

Во следното коло Академија Пандев ќе гостува кај Шкупи, Силекс во Кратово ќе го пречека лидерот Вардар, Струга Трим Лум на домашен терен ќе игра против актуелниот шампион Шкендија, Ренова ќе брка победа против Македонија ЃП на домашен терен, додека Работнички на домашен терен ќе се обиде да дојде до толку посакуваната победа во битката за опстанок против Борец од Велес.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o