ЖФК Тиверија оствари убедлива победа против ЖФК Борец во Велес

Екипата на ЖФК Тиверија Струмица запиша убедлива победа, откако на гостувањето во Велес со 0:11 ја победи екипата на ЖФК Борец, во натпревар од 11. коло од Првата женска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Со оваа победа ЖФК Тиверија останува на второто место на табелата со 28 освоени бодови, додека ЖФК Борец е на десетото место со 10 бодови. Лидер на табелата е екипата на ЖФК Каменица Саса која има 31 бод, трет на табелата со 27 бодовие ЖФК АС Јунајтед.

Во следното коло ЖФК Тиверија ќе игра дерби натпревар против третопласираната екипата на ЖФК АС Јунајтед.

 

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o