Беласица лидер на табелата во Втората лига – Исток

Беласица среде Гевгелија го доби дербито над Кожуф со резултат од 1:2, во рамките на 13. коло од Втората македонска фудбалска лига – Исток.

Ланскиот прволигаш одигра одличен натпревар и со многу важни три бода се враќа од оваа тешко гостување. Плачковица на Градскиот стадион во Радовиш одигра 0:0 против прилепска Победа, Осогово беше поразен на домашен терен од Кит Го-Пехчево, Питу Гули немаше сили за реми против Тиквеш, бидејќи во 88. минута гостите постигнаа гол за 0:1, Брегалница во Штип се „сопна“ и одигра 1:1 со Каменица Саса.

Беласица - Кожуф - во Гевгелија - 13. коло 3

Лидер на табелата со 31 освоен бод е Беласица, Брегалница со 28 бодови е втора, додека Тиквеш од Кавадарци со 27 бодови е трет, а исто толку бодови има и Кит Го-Пехчево кој е четврти на табелата.

Кожуф е петти на табелата со 26 бодови, Каменица Саса има 17 бодови и се наоѓа на шесттото место, Плачковица е седма со 12 бодови, Победа има 8 бодови и се наоѓа на осмото место, Осогово со 6 бодови е на деветото место, и на последното 10-то место е Питу Гули со само 3 освоени бодови.

Во следното коло Беласица на „Благој Истатов“ во Струмица ќе ја пречека Плачковица од Радовиш, Каменица Саса ќе биде домаќин на Кожуф, Победа во Прилеп ќе игра со Осогово, Кит-Го Пехчево ќе биде домаќин на Питу Гули, додека Тиквеш ќе игра дерби на колото против Брегалница во Кавадарци.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o