Академија Пандев ремизираше со Струга Трим Лум

Екипата на Академија Пандев ремизирашен на денешниот натпревар против Струга Трим Лум, играјќи 1:1, во натпревар од 15. коло од ПМФЛ. Струмичани не го искористија киксот на Вардар, но не само тоа, исто така не ја задржаа предноста пред Шкеднија, која денес ја декласираше Ренова со 6:1 и продолжува да се искачува на табелата во Првата лига.

Академија Пандев - Струга Трим Лум - во Струмица - 15. коло ПМФЛ

Академија Пандев до водство дојде во 68. минута од натпреварот преку голот на Рајковиќ. Стружани со голот на Цветаноски во 93. минута направија вистински шок за „пандевци“ и си заминаа дома со поволен резултат.

После овој натпревар Академија Пандев останува на второто место на табелата со 27 освоени бодови, додека Струга е седма со 19 бодови. Лидер на табелата и понатаму е Вардар со 31 бод, додека Шкендија е трета со 24 бодови.

Во следното коло Академија Пандев ќе има тешко гостување во Чаир кај Шкупи, додека Струга Трим Лум на домашен терен ќе го пречека актуелниот шампион Шкендија од Тетово.

Борец во Велес одигра нерешено 0:0 против Силекс, Шкендија ја декласираше Ренова со високи 6:1, Вардар ремизираше со Шкупи играјќи 1:1, а во саботата Македонија ЃП со 2:0 го победи Работнички и го закова на дното од табелата.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o