Астраион го доби дербито со Прилеп и остана прв на табелата

Астарион го доби дербито против Прилеп со резултат 23:22, во натпервар од 8. коло од Првата ракометна лига – Група 1, и останува лидер на табелата со 22 освоени бодови.

АРХИВА

АРХИВА

Натпреварот беше одличен, вистинско дерби за сите гледачи во спортската сала „Парк“ во Струмица. Резултат на полувреме беше 11:9 во полза на струмичките ракометари. Најдобар стрелец на натпреварот беше играчот на Астарион, Караиванов Митко со 10 постигнати погодоци, втор на листата кај „астраионци“ беше Наков Васко со 7 гола, додека кај прилепчани најдобар беше Пајкоски Филип со пет гола.

Екипата на Астарион е единствената екипа во Првата ракометна лига – Група 1 која се уште нема пораз. Тие имаат скор од 7 победи и едно реми.

Астарион е лидер на табелата со 22 бодови, и сега има предност од 4 бода во однос на второпласираниот Прилеп кој има 18 бодови, а исто толку бодови има и Јуниор К.В. кој е трет на табелата.

Во следното коло Астарион ќе игра против Вардар Неготино, додека РК Прилеп ќе игра против Јуниор К.В. во дерби натпревар на колото.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o