Стојчевски ќе ја дели правдата меѓу Академија Пандев и Струга Трим Лум

Репрезентативната пауза заврши, натпреварите од Првата македонска фудбалска лига се враќаат овој викенд. Во недела, Академија Пандев на „Благој Истатов“ во Струмица, ќе ја пречека екипата на Струга Трим Лум, во натпревар од 15. коло.

Струга Трим Лум - Академија Пандев - Струга 5. коло ПМФЛ 2

Академија Пандев на последните пет натпревари има две победи, еден пораз и два ремиа натпревари, па во недела ќе се обидат по двата нерешени резултати, да се вратат на победите. Овие две екипи во 5. коло во Струга одиграа нерешено, односно 0:0.

По 14. одиграни кола, Академија Пандев е на второто место на табелата со 26 освоени бодови, и има негатива од 4 бода во однос на Вардар кој е на првото место. Струга Трим Лум е на седмата позиција со 18 бодови.

Главен судија на натпреварот ќе биде Стојчевски Игор од Скопје, додека негови помошници ќе бидат Кировски Марјан и Ицковски Филип, исто така од Скопје. Четврт судија на натпреварот ќе биде Стојчевски Дарко од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Марков Добре од Пробиштип, додека контролор ќе биде Даниловски Крсте од Скопје.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот, а влезот ќе биде слободен.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o