Смоквоски ќе ја дели правдата во Гевгелија помеѓу Кожуф и Беласица

Кирил Смоквоски од Прилеп ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Кожуф и Беласица, кој се игра во рамките на 13. коло од Втората лига – Исток, на градскиот стадион во Гевгелија, во недела.

Беласица - Осогово - Струмица - 6 коло ВМФЛ -Исток

Помошници на Смоквоски ќе бидат Костоски Зоран и Мишески Иле од Прилеп. Четврт судија на натпреварот ќе биде Илиоски Влатко, исто така од Прилеп. Делегат на натпреварот ќе биде Смаиловиќ Нафил од Скопје, додека контролор Милошески Душко од Скопје.

Беласица е лидер на табелата со 28 освоени бодови, додека Кожуф со 26 бодови е на третата позиција на табелата во Втората лига – Исток. Овие две екипи, силите ги одмери во 4. коло во Струмица, а резултатот беше 1:2 во полза на Кожуф.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o