Тиверија загуби од Спартмани

Фудбалерите на Тиверија не ја оправдаа фаворитската улога и загубија од екипата на Спартмани, во натпревар од 10. коло од Третата лига – Југоисток.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Поразот на Тиверија е големо изненадување со оглед на фактот што важеа за фаворити, поради подобрата екипа, но и формата во која играт. По поразот, Тиверија останува и понатаму на третото место со 16 бодови, додека Спартмани сега се искачи на десеттото место на табелата, откако ги освои првите три бода.

Во следното коло Тиверија на домашен терен ќе игра против лидерот на табелата Слога, додека Спартмани ќе гостува кај делчевска Брегалница.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o