РК Астраион против РК Прилеп во дерби натпревар на колото

Ракометарите на Астраион во петок во спортската сала „Парк“ во Струмица, ќе играат дерби натпревар на колото, против ланскиот Суперлигаш РК Прилеп, во рамки на 9. коло од Првата ракометна лига – Група 1.

РК Астраион - РК Алушовски

Натпреварот кој се игра со почеток од 20:00 часот, ќе биде возбудлив и интересен, бидејќи ќе го одлучи лидерот на табелата. По 8. одиграни кола, Астраион е прв на табелата со 19 бодови, додека Прилеп е втор со 18 бодови, односно разликата е само еден бод. Во случај на победа на Астраион тогаш бодовната разлика би била 4, во случај на пораз на струмичани, тогаш екипата од Прилеп ќе биде прва со два бода предност.

РК Прилеп минатата сезона се натпреваруваше во Суперлигата, но не успеа да избори опстанок и испадна од истата.

Судиска двојка на овој натпревар ќе бидат Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје, додека делегат на натпреварот ќе биде Васил Чавдаров од Богданци.

Покрај овој натпревар, се играа и натпреварите помеѓу Вардар Неготино и Риниа М, Јуниор К.В. со Македонија ЃП и Алушевски против Текстилец, екипата на МРК Куманово е слободна.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o