ЖФК Тиверија против ЖФК Борец

Екипата на ЖФК Тиверија Струмица во недела ќе гостува во Велес, каде ќе ги одмери силите со ЖФК Борец, во натпревар од 11. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија Струмица - фудбалерка

ЖФК Тиверија е втора на табелата со 25 освоени бодови, и во досегашниот тек од сезоната има запишано 8 победи, едно реми и еден пораз, додека ЖФК Борец има 10 бода и се наоѓа на десеттото место на табелата.

Актуелниот шампион Драгон ќе игра против ЖФК Шкендија, ЖФК АС Јунајтед ќе биде домаќин на ЖФК Истатов, ЖФК Речица ќе игра со ЖФК Атлетико, ЖФК Кочани ќе ја пречека екипата на ЖФК Деспина од Прилеп, лидер на табелата ЖФК Каменица Саса ќе биде домаќин на ЖФК Топ Гол, додека ЖФК Плачковица во Радовиш ќе ги одмери силите со ЖФК Љуботен.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o