Беласица гостува во Гевгелија кај Кожуф

Екипата на Беласица во недела ќе има тешко гостување во Гевгелија, против Кожуф, во натпревар од 13. коло од Втората лига – Исток.

Беласица - Осогово - Струмица - 6 коло ВМФЛ -Исток

Двете екипи имаат одлична сезона уште од самиот старт и формата им е константна. По 12. одиграни кола, Беласица има 9 победи, едно реми и два порази, со што има вкупно 28 бодови и се наоѓа на лидерската позиција, додека Кожуф со 8 победи, три ремиа и еден пораз, има вкупно 26 бодови и се наоѓа на третото место на табелата.

Оваа сезона Кожуф со 1:2 славеше над Беласица среде Струмица, во натпревар од 4. коло од Втората лига – Исток. Натпреварот ќе се игра со почеток од 13:00 часот.

Брегалница на домашен терен силите ќе ги одмери со Каменица Саса, Питу Гули во Крушево ќе го пречека Тиквеш од Кавадарци, Осогово ќе биде домаќин на Кит Го од Пехчев, додека Плачковица во Радовиш ќе ја пречека прилепска Победа.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o