Академија Пандев во Струмица против Струга Трим Лум

Фудбалерите на Академија Пандев во недела, на стадионот „Благој Истатов“ во Стрмица, ќе ја пречекаат екипата на Струга Трим Лум, во натпревар од 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Струга Трим Лум - Академија Пандев - Струга 5. коло ПМФЛ 2

По 14. одиграни кола „пандевци“ се на втората позиција на табелата со 26 освоени бодови, и имаат негатива од 4 бода во однос на лидер на табелата Вардар, додека стружани се на седмото место со 18 бодови. Двете екипи оваа сезона меѓусебно играа во Струга, во рамките на 6. коло од ПМФЛ, натпреварот тогаш заврши без победник, односно 0:0.

Натпреварот ќе започне со почеток од 13:00 часот.

Покрај овој натпревар, во недела се игра и натпреварот помеѓу Борец и Силекс во Велес, Шкендија ќе игра тетовско дерби со Ренова, Вардар ќе го пречека Шкупи, додека ден претходно, односно во саботата, Македонија ЃП ќе игра против Работнички.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o