Струмичани добија катче за своите домашни миленичиња

Од вчера големиот градски парк е збогатен и со катче за миленици во кое се поставени повеќе реквизити и каде што сопствениците ќе можат да поминуваат пријатни мигови со своите домашни миленичиња. Паркот за милениците е дело на ЕВН во рамките на проектот „ЕВН волонтира“ и успешната соработка што општина Струмица ја има со оваа компанија. Меѓу волонтерите на ЕВН  беше и градоначалникот Коста Јаневски кој рече дека паркот надополнува уште едно парче во мозаикот кој што ја прави Струмица урбана и уредена Општина.DSC_1392_1600x1067 DSC_1393_1600x1067 DSC_1406_1600x1067 DSC_1407_1600x1067 DSC_1422_1600x1067 DSC_1426_1600x1067 DSC_1431_1600x1067

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o