РК Астраион со победа над Македонија ЃП

Ракометарите на Астраион запишаа нова победа, откако во 8. коло од Првата ракометна лига – Група 1, со 24:29 (13:13) ја совладаа екипата на Македонија ЃП на гостински терен во Скопје.

РК Астраион - РК Македонија ЃП - во Скопје, 8. коло Прва ракометна лига - Група 1

Листата на стрелци ја предводеше Наков Васко со 11 голови, Кавазов Филип 6, Караиванов Мите 4, Кочев Борче 2, Велков Александар 2, Касапов Ѓорги 2, Ончев Иванче 2. Голманот на Астраионци, Димовски Кире запише 12 одбрани (5 пенали), додека Перовановиќ Мартин 2 одбрани (1 пенал).

Со ова победа РК Астраион го држи првото место на табелата со 19 освоени бодови, додека на второто место е РК Прилеп со 18 бодови. Во следното коло РК Астраион на домашен терен ќе го игра дербито со РК Прилеп во Струмица. Ова дерби ќе го одлучи лидерот на табелата, дали Астраионци ќе ја зголемат бодовната разлика или пак прилепчани ќе го превземат врвот.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o