ЖФК Тиверија го доби дербито со шампионот Драгон

Екипата на ЖФК Тиверија вчера запиша убедлива победа, откако со 5:3 го победи актуелниот шампион ЖФК Драгон од Скопје, во натпревар од 10. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија - ЖФК Драгон - во Струмица 10. коло ПЖФЛ

Стрелци за головите на ЖФК Тиверија беа Димоска и Бошеска со по два голови, и С. Велкова со еден погодок во противничката мрежа.

Со оваа победа ЖФК Тиверија се искачи на второто место на табелата со 25 бодови, исто толку бодови има и ЖФК Деспина од Прилеп која е трета, но со натпревар помалку. Шампионот Драгон се сели на четвртото место со 22 бодови, додека лидерот на табелата ЖФК Каменица Саса има 28 бодови.

Во следното коло ЖФК Тиверија Струмица ќе гостува кај ЖФК Борец, екипа која е на десеттото место на табелата со 10 освоени бодови.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o