Дерби помеѓу ЖФК Тиверија и шампионот Драгон

ЖФК Тиверија Струмица утре (сабота) на Општинското игралиште „Филип Лазаревски“ во Струмица ќе игра дерби натпревар против актуелниот шампион Драгон, во натпревар од 10. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија - во игра

Овој натпревар ќе биде дерби на колото и ќе привлече најголемо внимание. Двете екипи по 9. одиграни кола имаат ист број на бодови, вкупно 22, и се на делба на втората позиција. Лидер на табелата е ЖФК Каменица Саса со 25 освоени бодови.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 13:30 часот.

ЖФК Атлетико ќе игра против ЖФК АС Јунајтед, ЖФК Шкендија ќе ја пречека ЖФК Плачковица од Радовиш, Љуботен ќе ги одмери силите со лидерот на табелата ЖФК Каменица Саса, ЖФК Деспина од Прилеп ќе игра со ЖФК Речица, Топ Гол ќе игра со Кочани, а колото ќе биде комплетирано во недела со натпреварот помеѓу ЖФК Истатов и ЖФК Борец, натпревар кој ќе се игра во Дојран.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o