ЖФК Тиверија со убедлива победа над ЖФК Шкендија

Фудбалерките на ЖФК Тиверија Струмица на домашен терен со високи 5:0 ја победија ЖФК Шкендија од Тетово, во натпревар од 9. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија - ЖФК Шкендија - во Струмица 9. коло

Одлична игра прикажана од страната на ЖФК Тиверија против одличната екипа на ЖФК Шкендија. Резултат го отвори Божиновска уште во првите минути од натпреварот, а потоа Теодора Димоска постигна четири погодоци за конечни 5:0.

На овој натпревар фудбалерката на ЖФК Тиверија Струмица, Ивана Николова, го одигра 100-от официјален натпревар во дресот на ЖФК Тиверија. Николова е дел од струмичкиот клуб од 2014 година.

ЖФК Тиверија со оваа победа е на делба на втората позиција со 22 освоени бодови, додека ЖФК Шкендија останува шестта со 18 бодови. Во следното коло ЖФК Тиверија на домашен терен ќе игра против актуелниот шампион ЖФК Драгон од Скопје.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o