Тиверија загуби од Детонит

Екипата на Тиверија запиша пораз во 9. коло од Третата лига – Југоисток, откако со 1:3 на домашен терен беше поразена од радовишки Детонит.

АРХИВА

АРХИВА

Тиверија и покрај поразот останува на третото место на табелата со 16 бодови, додека Детонит сега е петти со 12 бодови.

Во следното коло Тиверија гостува кај Спартмани, додека Детонит ќе биде домаќин на Брегалница од Делчево.

Раклиш на домашен терен во Радовиш загуби од Слога со 0:2, Малеш со 2:1 беше подобар од Младост од Удово, Брегалница од Делчево на домашен терен со 2:0 славеше над Василево, додека Овче Поле на домашен терен во Свети Николе со 5:0 го декласираше Спартмани.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o