Фудбалерите на Спартмани убедливо загубија на гостувањето во Свети Николе од екипата на Овче Поле, со резултат од 5:0 во натпревар од 9. коло од Третата лига – Југоисток.
Спартмани со овој пораз остануваат на дното од табелата, додека Овче Поле е на делба на првата позиција заедно со екипата на Слога од Виница, со по 24 освоени бодови.
Во следното коло, Спартмани на домашен терен ќе игра со Тиверија, додека Овче Поле ќе гостува во Виница кај Слога, каде ќе игра дерби натпревар за првата позиција на табелата.
Comments are closed.