ЖФК Тиверија во среда на домашен терен против ЖФК Шкендија

Фудбалерките на ЖФК Тиверија Струмица во среда Општинското игралиште „Филип Лазаревски“ ќе ја пречекаат ЖФК Шкендија од Тетово, во натпревар од 9. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија Струмица - екипа 12.11.2019

По 8. одиграни кола во ПЖФЛ, ЖФК Тиверија е делба на треттата позиција со 19 бодови, додека ЖФК Шкендија е шестта на табелата со еден бод помалку, со што би се очекувал интересен и израмнет натпревар.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот. Покрај овој натпревар ќе се играат и следните натпревари: ЖФК Каменица Саса на домашен терен ќе ја пречека ЖФК Плачковица, Борец ќе игра против Атлетико, актуелниот шампион Драгон на домашен терен ќе игра со Истатов, Речица ќе биде домаќин на Топ Гол, ЖФК Кочани ќе ги одмери силите со ЖФК Љуботен, колото ќе биде комплетирано во среда со натпреварот меѓу ЖФК АС Јунајтед против ЖФК Деспина од Прилеп.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o