Беласица лидер во Втората лига – Исток

Беласица викендот запиша нова победа, откако со 0:3 славеше на гостувањето кај Каменица Саса, во натпревар од 12. коло од Втората лига – Исток.
Беласица - Осогово - Струмица - 6 коло ВМФЛ -Исток

Фудбалерите на Беласица по 12. одиграни кола се на првото место на табелата со 28 освоени бодови, додека на второто место со бод помалку е штипска Брегалница. Кожуф со 26 бодови е третопласиран, додека Тиквеш со 24 бодови е на четвртото место на табелата, а исто толку бодови има и Кит Го-Пехчево кој е петти.

Каменица Саса е шестта со 16 бодови, Плачковица од Радовиш е седма со 11 бодови, со 7 освоени бодови е Победа од Прилеп која е осма на табелата. На деветтата позиција е Осогово со 6 бодови, а последен е Питу Гули од Крушево со само 3 освоени бодови.

Во следното коло, Беласица ќе има тешко гостување кај Кожуф од Гевгелија, Брегалница на домашен терен ќе игра со Каменица Саса, Питу Гули ќе биде домаќин на Тиквеш, Осогово во Кочани ќе игра со Кит Го-Пехчево, а Плачковица во Радовиш ќе ја пречека Победа од Прилеп. 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o