Акаденија Пандев на второто место на табелата во Првата лига

Екипата на Академија Пандев оваа коло ремизираше на гостувањето во Тетово, против Ренова, играјќи 1:1.
FB_IMG_1573489165018

Лидер на табелата, иако загуби е Вардар со 30 бодови, втори се “Пандевци” кои се “сопнаа” во Тетово со ремито против Ренова, со што не го искористија “киксот” на Вардар во Струга со цел да ја намалат бодовната разлика.

Третопласирана екипа е Шкендија со 21 бод, а исто толку бодови има и Силекс од Кратово кој е четврти на табелата. Шкупи е петти со 18 бодови, а исто толку бодови има и Струга Трим Лум која е на шесттата позиција. Ренова по ремито со Академија Пандев има 15 бодови, но и понатаму е осма на табелата, а исто 15 бодови има и Борец кој е деветти. На последното десетто место е Работнички со 11 освоени бодови.

Во следното коло, Академија Пандев ќе ја пречека Струга Трим Лум, Борец во Велес ќе игра со Силекс, Македонија ЃП ќе биде домаќин на Работнички, актуелниот шампион ќе игра тетовско дерби со Ренова, додека Вардар на домашен терен ќе го пречека Шкупи.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o