Беласица запиша победа на гостувањето кај Саса

Фудбалерите на Беласица се враќаат со победа од гостувањето во Македонска Каменица, каде со 0:3 ја победија Саса, во натпревар од 12. коло од Втората лига – Исток.
Беласица - Осогово - Струмица - 6 коло ВМФЛ -Исток

Беласица одигра уште еден одличен натпревар. Резултатот беше отворен во 32. минута откако Марков ја затресе противничката мрежа. Во 82. минута Мирчевски го зголеми водството на 0:2, а стрелец на третиот гол беше Размоски.

Со оваа победа Беласица останува лидер на табелата, додека Саса останува на шесттата позиција во Втората лига – Исток. Во следното коло Беласица ќе има тешко гостување кај Кожуф во Гевгелија, додека Саса ќе гостува во Штип кај Брегалница.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o