Академија Пандев се “сопна” во Тетово против Ренова, играјќи нерешено

Академија Пандев на денешното гостување во Тетово, одигра нерешено со Ренова, играјќи 1:1, во натпревар од 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.
FB_IMG_1573320932372

“Пандевци” се “сопнаа” и не го искористија “киксот” на Вардар во Струга, каде лидерот на табелата загуби од Струга Трим Лум со 2:1.

Фудбалерите на Академија Пандев остануваат на второто место на табелата со 26 освоени бодови, додека Ренова е осма на табелата со 15 бодови.

Борец на домашен терен играше 1:1 со Македонија ЃП, во Кратово, Силекс со минимални 1:0 славеше против Шкупи и со тоа се искачи на третото место на табелата во ПМФЛ, во Струга, Вардар загуби со 2:1 од Струга Трим Лум.

Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварот меѓу Работнички и Шкендија.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o