Кривична пријава за жител на с.Рич под сомнение дека запалил автомобил

Секторот за внатрешни работи Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против К.Ј (26) од с.Рич, порад постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело “Предизвикување општа опасност“.

Имено, пријавениот на 5-ти номеври 2019 година,  околу 00,01 часот, движејќи се пешки по улица “Панче Пешев“ во Струмица, во  незаклучено  паркирано патничко моторно возило предизвикал пожар, по што побегнал од местото на настанот.

Веднаш по пријавување на настанот во ПС од ОН Струмица, од страна на полициски службеници по овластување на јавен обвинител излезено е на лице место. Во меѓувреме благовремената интервенција на ППЕ Струмица го изгаснала пожарот и спречила понатамошно проширување.

Од страна на полициски службеници во СВР-Струмица, превземени се оперативни активности за пронаоѓање на можниот извршител на кривичното  дело.  На 5-ти ноември  2019 година, пријавениот е забележан од полициски службеници и  при превземање на полициски овластувања  е лишен од слобода  и  задржан во просториите на ПС од ОН Струмица.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица  изготвена е кривична пријава и доставена  во ОЈО-Струмица

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o