Јакимовски Дејан ќе ја дели правдата во Тетово меѓу Ренова и Академија Пандев

Академија Пандев во сабота ќе гостува во Тетово, каде на Градскиот стадион ќе ги одмери силите со екипата на Ренова, во натпревар од 14. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Ренова - Струмица, Младост 5. коло ПМФЛ

Главен судија на овој натпревар ќе биде Јакимовски Дејан од Скопје, додека негови помошници ќе бидат Василевски Даниел и Иваноски Бојан од Скопје. Четврт судија на натпреварот ќе биде Ицковски Филип исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Локоски Митко од Штип, додека контролор ќе биде Коцев Ванчо од Штип. За овој натпревар се предвидени и дополните судии, а тоа ќе бидат Величков Боби и Иванов Игор од Велес.

Колку за потсетување овие две екипи силите ќе одмерија во 5. коло од ПМФЛ, натпреварот се играше на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, кој заврши со резултат од 2:0 за „пандевци“. Во моментот Академија Пандев е втора со 25 бодови, додека Ренова е на осмата позиција со 14 бодови.

Натпреварот се игра со почеток од 13:00 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o