Стојановски Марјан ќе ја дели правдата меѓу Каменица Саса и Беласица

Беласица во недела ќе гостува во Македонска Каменица, каде на Градскиот стадион ќе го одигра натпреварот од 12. коло од Втората лига – Исток, против екипата на Каменица Саса.

Беласица - Осогово - Струмица - 6 коло ВМФЛ -Исток

Главен судија на натпреварот ќе биде Стојановски Марјан од Кичево, негови помошници ќе бидат Лика Куштрим и Цветаноски Давор исто така од Кичево. Четврт судија на натпреварот ќе биде Грујоски Александар од Кичево, додека делегат ќе биде Иваноски Дарко од Прилеп, контролот на натпреварот ќе биде Манојлоски Бранко од Тетово.

Првиот натпревар помеѓу овие две екипи, одигра во Струмица во рамките на 3. коло од Втората лига – Исток, заврши со резултат од 2:1 во полза на струмичани.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 13:00 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o