Тиверија против Детонит во 9. коло од Третата лига – Југоисток

Фудбалерите на Тиверија во 9. коло од Третата лига – Југоисток на домашен терен ќе играат против Детониот од Радовиш.

АРХИВА

АРХИВА

Тиверија во моментот е на третото место на табелата со 16 бодови, исто толку бодови има и Василево кој е четврти, до друга страна радовишани се на петтото место со 9 освоени бодови. Во претходното коло Тиверија ремизираше со Василево играјќи 1:1 на гостински терен, додека Детонит загуби дома со 0:2 од Овче Поле.

Раклиш ќе биде домаќин на Слога од Виница, Малеш силите ќе ги одмери со Младост од Удово, Брегалница во Делчево ќе игра со Василево, додека Овче Поле во Свети Николе ќе игра со Спартмани од Градско Балдовци.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o