Академија Пандев против Ренова

Фудбалерите на Академија Пандев во 14. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе гостуваат во Тетово, кај екипата на Ренова.

Академија Пандев - Работнички - ПМФЛ 13. коло - Струмица

Овој натпревар ќе биде важен и за двете екипи, со оглед на фактот што Академија Пандев заостанува 5 бодови во однос на лидер на табелата Вардар, тоа значи дека бодовите ќе им бидат потребни за да држат чекор со Вардар, додека за Ренова три бода ќе им бидат важни со цел да направат скок на табелата, бидејќи во моментот се на осмата позиција на табелата со 14 бодови.

Во 5. коло од ПМФЛ од оваа сезона, Академија Пандев на домашен терен во Струмица со 2:0 беше поуспешна од Ренова.

Во Кратово, Силекс ќе го пречека Шкупи, Струга Трим Лум ќе биде домаќин на Вардар, Работнички ќе игра дерби натпревар со Шкендија, додека Борец во Велес ќе игра против Македонија ЃП, екипа која е во резултатска криза, па за велешани оваа е можност за петти сезонски триумф.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o