Тиверија одигра нерешено со Василево

Екипата на Тиверија одигра нерешено 1:1 против Василево на гостински терен, во натпревар од 8. коло од Третата лига – Југоисток.

АРХИВА

АРХИВА

Овој дерби натпревар беше важен и за двете екипи во борбата за првото место на табелата. Тиверија останува на третото место, додека Василево на четвртото со по 16 бодови. Двете екипи имаат негатива од 5 бода во однос на Слога и Овче Поле кои ја делат првата позиција со по 21 бод.

Детонит во Радовиш со 0:2 беше поразен од Овче Поле, додека Младост со 2:4 загуби од Дојранско Езеро. Спартмани беа декласирани со високи 1:4 од Раклиш, додека Слога со 7:0 го „прегази“ Малеш од Берово.

Во следното коло Тиверија на домашен терен ќе игра со радовишки Детотнит, додека Василево ќе гостува кај Брегалница од Делчево. Раклиш ќе биде домаќин на Слога, Малеш на домашен терен ќе игра со Младост од Удово, додека Овче Поле ќе биде домаќин на Спартмани.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o