Академија Пандев ремизираше со Работнички

Екипата на Академија Пандев во саботата во натпревар од 13. коло од Првата македонска фудбалска лига ремизираше со Работнички, играјќи 1:1.

Академија Пандев - Работнички - ПМФЛ 13. коло - Струмица

Со оваа реми „пандевци“ остануваат на второто место на табелата со 25 бодови, но сега имаат негатива од 5 бодови во однос на Вардар кој е прв. Работнички останува на последното десетто место на табелата со 11 бодови, но овој бод му е многу важен во борбата за опстанок во Првата лига.

Македонија ЃП продолжува со својата резултатска криза, откако и на домашен терен со 0:1 беше поразена од Силекс, Шкендија со 4:0 го декласираше Борец, Вардар со 2:0 славеше победа над Ренова, додека Шкупи и Струга Трим Лум одиграа нерешено 0:0.

Во следното коло Академија Пандев ќе гостува кај Ренова, Силекс ќе биде домаќин во Кратово на Шкупи, Струга Трим Лум на домашен терен силите ќе ги одмери со Вардар, Работнички ќе игра дерби натпревар во Скопје против Шкендија, додека Борец ќе ја пречека Македонија ЃП во Велес, и ќе ја користи шансата за победа и нови три бода за излез од зоната за испаѓање.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o