Академија Пандев втора на табелата во Првата лига

По 13. одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Академија Пандев се наоѓа на второто место на табелата со 25 освоени бодови.

Академија Пандев - Шкупи - Струмица - 7. коло ПМФЛ

Лидер на табелата во Првата лига е Вардар кој има 30 освоени бодови, „пандевци“ со 5 помалку се втори, на делба на третото место се Шкендија, Шкупи и Силекс ос по 18 бодови. Македонија ЃП која е во резултатска криза сега се наоѓа дури на шесттото место со 17 освоени бодови, новајлијата во Првата лига, екипата на Струга Трим Лум е седма со 15 бодови, Ренова со бод помалку, односно 14 се наоѓа на осмото место, а исто толку бодови има и Борец кој е деветти. На последното 10. место е екипата на Работнички која има 11 бодови.

Во следното коло Академија Пандев ќе гостува кај екипата на Ренова, Силекс ќе биде домаќин на Шкупи, Струга Трим Лум ќе го пречека Вардар, Работнички ќе игра дерби дуел со актуелниот шампион Шкендија, додека Борец во Велес ќе ја пречека екипата на Македонија ЃП.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o