ЖФК Тиверија во недела гостува во Дојран кај ЖФК Истатов

ЖФК Тиверија Струмица во недела ќе го одигра натпреварот од 8. коло од Првата женска фудбалска лига, против екипата на ЖФК Истатов на Спортскиот центар Истатов во Нов Дојран.

ЖФК Тиверија Струмица - фудбалерка

ЖФК Тиверија по 7. одиграни кола се наоѓа на четвртото место на табелата со освоени 16 бодови, додека ЖФК Истатов е осмопласирана екипа на табелата со само 7 освоени бодови. Во досегашниот тек од сезоната, фудбалерките на Тиверија имаат скор од 5 победи, едно реми и еден пораз, додека ЖФК Истатов има само две победи, едно реми и три порази.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 10:30 часот.

Колото ќе биде отворено во сабота, со натпреварите меѓу ЖФК Плачковица која на домашен терен ќе го пречека ЖФК Кочани, ЖФК Топ Гол ќе биде домаќин на ЖФК АС Јунајтед, ЖФК Шкендија ќе игра дерби натпревар на колото со ЖФК Каменица Саса, овој натпревар ќе привлече најголемо внимание и ЖФК Атлетико ќе игра со актуелниот шампион ЖФК Драгон.

Во недела ЖФК Љуботен ќе игра против ЖФК Речица на домашен терен и ЖФК Деспина ќе игра со ЖФК Борец.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o