Академија Пандев со Шкупи во четвртфиналето од Купот на Македонија

Денеска во просториите на Македонската куќа на фудбалот (ФФМ) беше одржана ждрепка за четврфиналните парови од Купот на Македонија.

Академија Пандев - куп трофеј - победници

Во четврфиналната фаза Шкупи ќе се сретна со куп-бранителот Академија Пандев. Првиот меч од овој четврфинален дуел ќе се игра во Скопје. Исто така големо дерби ќе биде и натпреварот меѓу Шкендија и Работнички, но може да се каже дека Шкендија ќе биде фаворит, со оглед на фактот што „романтичарите“ се соочуваат со големи проблеми. Брегалница во оваа фаза силите ќе ги одмери со Лабуништа, додека Струга Трим Љум ќе се соочи со Ренова.

Првите натпревари се закажани за 4 декември 2019 година, додека ревашните се закажани за 4 март 2020 година.

Минатогодишен победник е Академија Пандев, која во финалето преку пенал рулет ја победи Македонија Ѓорче Петров, екипа која што во претходната фаза беше елеминирана од Купотна Македонија.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o