Тиверија гостува кај Василево

Екипата на Тиверија во 8. коло од Третата лига – Југоисток ќе одигра дерби натпревар против Василево на гостински терен.

АРХИВА

АРХИВА

Двете екипи се на делба на третото место на табелата со по 15 бодови. Во претходното коло Тиверија беше убедлива со 5:1 против Брегалница од Делчево, додека Василево загуби на гостувањето во Свети Николе од екипата на Овче Поле.

Бодовите и за двете екипи се важни во борба да се задржи чекор за првото место на табелата. Лидер во Третата лига – Исток е Слога со 18 бодови, а исто толку бодови има и Овче Поле кој е втор.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o