Спартмани на домашен терен против Раклиш

Фудбалерите на Спартмани во недела на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Раклиш од Радовиш, во натпревар од 8. коло од Третата лига – Југоисток.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Радовишани на овој натпревар влегуваат како фаворити за победа, поради подобрата екипа и форма. Спартмани во моментот е на десеттото место на табелата, додека Раклиш е седми со 6 освоени бодови.

Лидер на табелата е Слога од Виница со 18 бодови, а исто толку бодови има и Овче Поле од Свети Николе кој се наоѓа на второто место на табелата.

Детонит во Радовиш ќе го пречека Овче Поле, Слога ќе игра против Малеш, Василево ќе одигра дерби натпревар со Тиверија, додека Младост на свој терен силите ќе ги одмери со Дојранско Езеро.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o