Академија Пандев во сабота против Работнички на домашен терен

Академија Пандев во сабота ќе игра против Работнички, во натпервар од 13. коло од Првата македонски фудбалска лига, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Со овој натпревар ќе биде отворено колото.

Академија Пандев - Шкупи - Струмица - 7. коло ПМФЛ

„Пандевци“ по 12. одиграни кола се на второто место на табелата со 24 освоени бодови, додека Работнички е на последното 10. место на табелата со десет освоени бодови. Првиот натпревар меѓу овие две екипи во Скопје, во рамките на 4. коло заврши со резултат од 1:2, односно победа за „пандевци“.

Академија Пандев на овој натпревар влегува како фаворит за победа, поради добрата форма која што ја има во однос на „романтичарите“. „Пандевци“ на последните пет натпревари бележат три победи и два порази, додека Работнички има скор од четири порази и една победа.

Во недела, Македонија ЃП која што е во резултатска криза на домашен терен ќе игра со Силекс од Кратово, Шкендија во Тетово ќе го пречека Борец, Шкупи на домашен терен ќе игра со Струга Трим и Лум, а Вардар ќе ги одмери силите со Ренова.

Натпреварите се играат со почеток од 13:30 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o