Природно смирување на очите

Девојките постојано купуваат нови производи и читаат совети како подобро да се нашминкаат, но често забораваат на грижата за кожата околу очите.ochi (2)

Тенката и особено чувствителна кожа веднаш ќе покаже дали сте имале непроспиена ноќ, ќе открие дека лошо се храните или дека постојано сте под стрес.

Постојат начини да се смират иритацијата, црвенилото и потеченоста, а за среќа не одземаат многу време, а и нема да ве чинат скоро ништо.

Чај

Камилицата, но и зелениот чај може да помогнат да се намали отокот и да се смири кожата. Потопете две ќесички чај во зовриена вода, оставете ги 3 минути, па ставете ги во фрижидер да се оладат. Наместете по една ќесичка над очните капаци и опуштете се 15 минути.

Млеко

Ладното млеко ќе го намали отокот и ќе ја омекне сувата и иритирана кожа. Потопете две памучни топченца во ладно млеко, исцедете го вишокот течност и ставете по едно врз очните капаци. Штом ќе се стоплат, потопете нови две топчиња памук и повторувајте го ова околу 15 минути.

Краставица

Исечете две тркалца од краставица и оставете ги врз мраз да се изладат. Потоа наместете по едно врз очниот капак, легнете си и опуштајте се 10-15 минути. Тргнете ги и измијте го лицето со ладна вода.

Белки

Белките ја затегнуваат и измазнуваат кожата, а и ја подобруваат циркулацијата, па се одличен третман за брчки. Цврсто изматете белка (или две) и нежно нанесете ја на кожата под очите. Оставете да се суши 15 минути, па одмијте со вода.

Лажици

Ладната температура ќе ги намали црвенилото и отоците. Ставете неколку метални лажички во чаша со мраз и ладна вода. Држете ја ладната лажица над очниот капак и штом почне да се стоплува вратете ја во чашата и заменете ја со друга. Повторете го ова неколку пати.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o